top of page

Album review #3 со @izdavackakukja, ft. Laz Vegjas: „Боенка“ од Young Dadi

Со мало задоцнување, пред вас е мојата нова музичка рецензија, на микстејпот „Боенка“ од Young Dadi. Како што беше најавено, на оваа рецензија имам гостин - Laz Vegjas од Dope Kukjata. Па така, пред некое време седнавме со Лазе и внимателно го ислушавме целиот микстејп два пати. Потоа, јас и тој посебно, го преслушавме од дома уште неколку пати, додека ја куцавме рецензијата која е сега пред вас. Ова се покажа како добар framework за работа, па може наскоро да очекувате уште вакви склопки.


„Боенка“ има 7 песни, сите прекратки – по 2 минути. Најдолгата трае 3:06 минути, што е чудно бидејќи сите песни имаат по повеќе строфи. Ова се должи на тоа што поголемиот дел од стиховите низ микстејпот содржат по 3-4 збора, што е својствено за балканскиот комерцијален трап, а не „underground“ трапот/рапот во Македонија.


Целиот микстејп е микснат и мастернат од 5R кој добро си ја завршил работата. Остава многу весела и фанки слика. Скоро секоја трака има различен продуцент, што е nice touch. И покрај тоа, повеќето од битовите (особено првите два) звучат слично, како да се излезени од “Astroworld” - албумот на Travis Scott. Ова, заедно со љубовните теми кои се провлекуваат низ целиот проект (5 од 7 песни се љубовни) придонесуваат кон тоа микстејпот да се осеќа како целина.


Иако тоа само по себе не е лошо, Young Dadi не нуди некоја версатилност во лириките и flow-то за ваквиот концепт да звучи интересен за слушање. Всушност, текстовите во „Боенка“ се најслабата алка. Дополнително, лошото акцентирање на зборови со цел поголема звучност и рима на моменти многу паѓа во очи, како на пример во песната „Анархист“.



Првата песна „Ураган“ е испродуцирана од Нанко и има многу сличен beat switch како „Мимика на Среќа“ од Matej Foltz. Лирички lacking, мелодиски одлична, битот одличен и заедно со втората песна „Психоделии“ е една од најдобрите на микстејпот. „Психоделии“ пак е испродуцирана од Windie и ги има истите квалитети и мани како „Ураган“. Според Лазе, „Психоделии“ е highlight на микстејпот од три причини: еден – не го менува гласот, а мелодијата и мотивите се присутни; два – мистична е, затворена, не ти дава да и провалиш на прво слушање; и финално – инструменталот и темпото се чудни, несекојдневни за комерцијалниот трап.


Следна е „Глупи Ствари“ – испродуцирана повторно од Нанко, но за разлика од „Ураган“ оваа песна има многу поневпечатлив бит. Текстот како и секаде е просечен at best, а и од мелодиски аспект оваа песна не е ништо посебно. На Лазе му се допадна фанки начинот на презентирање на љубовната прича во песната, но според мене, ова е сепак најслабата трака од микстејпот.


Со „Лади Дади“ проектот повторно се враќа на океј страна, но тоа не е поради Young Dadi туку поради гостувањето на Sexy Marsa. Во првата строфа на Young Dadi (по рефренот) од 8 стиха, 6 не се римуваат со ништо. Во втората строфа има tryhard непотребни стенкања од типот на „ах“ и „јауу“ што воопшто не звучат пријатно. За разлика од првите две, во третата строфа Young Dadi гази. Супер флоу и далеку подобар текст. Бонус поени за mention-от на Kodak – free my ni**a! Лазе ја издвојува и контрадикторноста во рефренот, имено стиховите:


„На рака иам нов Patek“


За подоцна во строфа да каже:


„на некои трапот им е комплекс ... затоа не ми треба Rolex“.


Ова покажува дека версовите немаат логичен тек – след на мислата, и голем дел од стиховите во нив се филери, ради – реда (ради рима). Лазе смета дека доколку артистот си има пронајдено свој стил, или пак одбрано патека кон која стилот се гради, во лириките нема да има вакви недоследности и „лажења“. Дури и да имаш нов Patek Philippe, нема причина зошто да го спомнеш во песна. Ова е проблем со многу артисти во Македонија – мислат дека флексањето ќе им помогне за да се пробијат.


По оваа строфа влегува Sexy Marsa и инстантно добивате насмевка на лицето. Јако флоу проследено со уште појак хумор. Заедно со Dope Kukjata, Марса го има најспецифичниот хумор на сцената. Користи зборови што не можат да се чујат често, од типот на „помади“ и „суфлаки“, што го прави неговиот верс не само смешен, туку и интересен за слушање. Битот на „Лади Дади“ е дело на OG.



„Анархист“ е песна за хејтери (ја и Лазе сме на дијазепами после песнава), и заедно со „Лади Дади“ се единствените траки што не се љубовни. Има добар бит (продукција на 5R) ама песната е многу просечна. Според мене, целата трака звучи смешно, но не позитивно смешно, туку форсирано – со фрази како „брокули зелени“ и „кре кре кре среќни жаби сте“. Според Лазе пак, фразата „кре кре кре среќни жаби сте“ е партали и многу го купи, но и покрај тоа, тој смета дека е слаба песна. Инаку „Анархист“ не е на никој начин поврзана со било што анархистичко.


Претпоследната „Сами“ е дефинитивно мојот фаворит. „Tropski Bar“ од Vlado Georgiev type summer vibes, сигурно ќе ја испоштувам летово на плажа (ако уопште има плажа летово). Траката има пре-catchy рефрен, одличен бит. Но, колку и да сакам да ја преслушувам траката, сериозно ми смета префорсираното извлечено изговарање на некои зборови. Пример стихови за ова се:


„... и кога сме во мракОООт

ти блескаш како златООО...“


Буквата „О“ ја изговара како германската "Ö" (устата ја отвараш за да кажеш „У“ а изговараш „О“). Има причина зошто го немаме тој глас во македонскиот јазик – затоа што не звучи убаво со нашиот изговор. Овој проблем го гледам и во други песни на Young Dadi и надвор од овој проект – како во песната “Arriba“.



Вокалите и битот на последната песна „Ролеркостер“ звучат одлично (продуцент Бокса), но за жал, тоа е тоа... Текстот е повторно љубовен - истото што го има во 5 од 7 песни во проектов, римите слаби... Лазе вика дека му звучи на песна што би била пишувана за „Златно Славејче“, што кога ќе размислам, впечатокот е навистина тој. За крај на оваа песна а и целиот проект, вреди да се спомене дека има одлична флејта.


Да сумираме, јас и Лазе сметаме дека освен својот специфичен (за нашата (не)сцена) и одличен глас, Young Dadi со „Боенка“ нема да понуди ништо ново на сцената. Генерално, дури и начинот на рецитирање е прилично лигав. Дел од тоа се должи на ефектите кои се користени за неговиот глас да звучи полигаво од природно, што можеби е интересно на прво слушање, но на сите наредни слушања е иритирачки, со што микстејпот губи на својот replay value.


Да нагласам дека не станува збор за EP или LP, туку за Mixtape. Разликата помеѓу овие е тоа што целта на микстејпот е артистот да се испромовира и да се докаже како нова сила на сцената, со цел да се пробие. Се што Young Dadi покажува тука, има луѓе на сцената што го прават многу подобро – од текстови до wordplay до флоу до хумор – што според нас значи дека форматот на издавање е утнат.


Но, земајќи предвид дека е млад и ова е неговиот прв проект, Young Dadi ветува многу, и секоја чест за тоа што се осмелил да извади проект од овој калибар. На сценава можеби има поталентирани млади артисти, но во моите очи Young Dadi е поквалитетен од нив бидејќи другите не вадат песни по година дена, а не па ваков подолг проект. И јас и Лазе сметаме дека доколку Young Dadi излезе од комфорт зоната на генеричниот трап филм и почне повеќе да експериментира, особено со инструменталите кои ги одбира (доказ за ова е песната „Сами“) – многу подобро би се снаоѓал.


Сите работи на страна, we respect the hustle.


П.С. Микстејпот му е достапен на сите streaming сајтови: YouTube, Deezer, Soundcloud, Spotify… Секоја чест за тоа, се надевам дека во иднина и останатите рапери и трапери ќе престанат да глумат тврдокорни и ќе си ја ставаат музиката на Spotify и Deezer.



Izdavacka kukja:


ОМИЛЕНИ ПЕСНИ ОД МИКСТЕЈПОТ: „Сами“, „Ураган“, „Психоделии“


НАJМАЛКУ ОМИЛЕНИ ПЕСНИ ОД МИКСТЕЈПОТ: „Глупи Ствари“, „Анархист“


ОЦЕНА: 4/10



Laz Vegjas:


ОМИЛЕНИ ПЕСНИ ОД МИКСТЕЈПОТ: „Психоделии“


НАJМАЛКУ ОМИЛЕНИ ПЕСНИ ОД МИКСТЕЈПОТ: „Ролеркостер“


ОЦЕНА: 4/10


Young Dadi можете да го заследите на неговиот инстаграм профил, а микстејпот е достапен на Youtube каналот на Trap Da Fuck Up.

Comments


Секогаш сме отворени за нови идеи и

соработка со студенти!

Пиши ни!

Ви Благодариме!

bottom of page