top of page

Април - месец за подигнување на свеста

Updated: May 1, 2020

Што е аутизам?


Април е месец кој е посветен на тоа да не мотивира да ја зголемиме нашата свест за неколку важни општествени теми. Некои од нив се: зголемување на свеста за лица кои се дијагностирани на атустичкиот спектар, зголемување на свеста за злоставувањето малолетници и зголемување на свеста за сексуалното злоставување. За заокружување на овој месец, студентскиот медиум Авангарда во соработка со Комисијата за заштита и унапредување на правата на маргинализираните групи при Универзитетското студентско собрание на УКИМ, на кратко ги презентира овие проблеми, со цел да се зголеми познавањето и свесноста за истите.


За почеток, аутизмот е невролошко нарушување кое типично се карактеризира со намалена способност за комуникацијата, социјализацијата и прикажување на повторливо, циклично, однесување, како и фиксација на предмети и детали. Во Соединетите Американски Држави нарушувањата од аутистичниот спектар се најзастапените развојни нарушувања, со 1 од 68 деца дијагностицирани. За жал, кај нас сѐ уште не постои статистика за лицата дијагностицирани со аутизам, па не може со точност да се утврди бројката. Поради тоа што симптомите се јавуваат уште во раното детство, најчесто дијагностицирани се децата.


Тоа што ние сакаме да го добиеме е свест дека овие лица не се поразлични од другите, тие се деца, наши роднини, пријатели, тие се креативни, весели и енергични. И најважно е дека општеството има одговорност да им го олесни животот и да дејствува инклузивно.


Посебен осврт треба да се направи кон пристапот на образование. Преку разни мерки, може, а и треба да се овозможи правото на образование да биде реализирано без пречки. Овогодинешното одбележување на Светскиот ден на лицата со аутизам, Обединетите нации го поддржаа со акцент на девојките и жените со аутизам. Дискриминацијата врз нив е значително поголема во однос на лицата со аутизам од машкиот пол.


Во поглед на ова мора:

- Да се работи на зголемување на целокупната општествена свест за овие лица.

- Да се донесе регулатива која максимално ќе ја поддржи нивната интеграција и истата доследно ќе ја спроведе

- Да се имплементира посебна заштита за лицата со аутизам од женски пол


Тоа што ние треба да го направиме е да кажеме крај на секојдневната дискриманција која постои врз овие лица, особено институционализираната. Освен тоа, треба свесно да работиме кон рушење на стереотипите кои произлегуваат од погрешниот менталитет кон оваа дијагноза, како и погрешните верувања за истата.



Наша граѓанска, но и човечка должност е да го подобриме животот на сите лица со аутизам. Не заборавајте, сите сме исти!


Comments


Секогаш сме отворени за нови идеи и

соработка со студенти!

Пиши ни!

Ви Благодариме!

bottom of page