top of page

Проф. д-р Ицко Ѓоргоски: Заштита на здравјето на професорите и студентите беше најголем предизвик

Студентската година започна, но заедно со неа се вратија предизвиците и прашањата поврзани околу квалитетот и начинот на кој ќе се одвива наставата на Универзитетите во земјата.

Студентите се загрижени за условите кои можат, однсно не можат да ги понудат нивните факултети. Во тој контекст, ја имавме можноста да разговараме со деканот на Природно-математичкиот факултет при УКИМ, Проф. д-р Ицко Ѓоргоски, кој ни објасни на кој начин Факултетот се справува со пробелмите како што се начинот на одвивање на наставата, функционирањето на самата Установа, потребите на студентите и проблемите со кои тие се соочуваат за време на нивното студирање.

Дали сте задоволни од интересот и бројот на запишани студенти во оваа учебна година?

„Генерално сме задоволни од бројот на запишани бруцоши во оваа студентска година. Интересот, за разлика од претходните години каде најатрактивен беше смерот за туризам, годинава е најголем за насоките од Институтот за биологија, особено ребрендираната молекуларна биологија и генетика, но и за Институтот за нутриционизам.“



Каков беше исходот од онлајн предавањата од претходниот семестар?

„Според анкетата спроведена од студентското собрание за цел факултет, над 80% од студентите се задоволни од она што го правевме”, вели деканот.

Тој исто така додава и дека акетите воедно помогнале за разрешување на незадоволството на студентите за одредени предмети и професори. Деканот се пофали и од добрата соработка која ја имаат со ФСС, со тоа што постојано ги сослушувале нивните коментари и забелешки и ги спроведувале препораките кои ги добивале од нив.

Кои се вашите планови во однос на одвивањето на практичната и теоретската настава?

„Практичната настава ќе биде комплетно со физичко присуство. Направивме распоред кој вклучува работење до доцна попладне, додавајќи ја и сабота како ден во кој што ќе биде изведувана наставата, се со цел групите да не бидат поголеми од десеттина студенти.“

„Оваа година исто така ќе пробаме, во однос на теоретската настава, дел од студиските групи кои што се помали од 15 студенти да одат со физичко присуство, а останатиот дел да бидат со онлајн. Она што е исто важно е дека 20% од предавањата ќе мора да бидат проследени со физичко присуство за сите студенти, со цел студентите и професорите да се запознаат во живо.“

Деканот исто така додаде дека во амфитеатрите, кои имаат капацитет од 150 луѓе во нормални услови, сега ќе се обидат да соберат триесеттина, како сите професори би имале можност да одржат барем една средба во живо со секој од студентите.



Што ви претставуваше најголем предизвик изминатиов период?

„Најголем предизвик ни беше како да го заштитиме здравјето на професорите и здравјето на студентите. Се обезбедија специфични протоколи за влез во лабораториите и во зградата, како и контрола за проверка дали истите мерки се почитуваат.“

Најголемата добивка во целиот тој процес е едукација на студентите да знаат што е она што се случува во светски рамки, но и кај нас, вели проф. Ѓоргоски.

Имајќи ја предвид староста на зградата и лабораторискиот инвентар со кој располагате, дали имате планови за реновација односно обнова на истите?

„Во последниве 4-5 години ја реновиравме речиси целата стара зграда, особено просториите каде има лабораториски вежби. Ланската година беа реновирани по 2 од најфреквентите лаборатории од секој институт. Во моментов исто така се реновираат две простории од иститутот за биологија, како и главниот ходник во старата зграда.“

„Поради автентичноста на зградата на зградата и внатрешност на ходниците, избегнуваме бесцелно да го реновираме целиот објект. Убаво е да се види коренот на оваа зграда која датира уште од 1950 година.“


Кои се вашите планови во однос на недостапноста на продавници во близина на факултетот, а воедно и со условите во бифето со кое располага факултетот?

„Во моментов се стремиме кон тоа тој дел да биде затворен и што помалку да се користи, како простор во кој студентите ќе се групираат. Истовремено, се работи на тоа да се обезбедат услови во постоечкото бифе, во согласност со сите посебни мерки за заштита на здравјето. Бифето секако ќе мора да биде отворено, но во него нема да можат да седат повеќе од тројца студенти/ки на иста маса.“

За проблемот со достапноста на продавници до факултетот, деканот најави дека бараат идејно решение за отварање на млечен бар во близина на кампусот. Но секако, послужувањето во млечниот бар да биде под препорачаните услови, односно консумацијата на храна да не се одвива со групурање на студенти.

Што би можеле да преземат студентите во врска со недостапноста и непрофесионалноста на одредени професори?

„Во изминативе 7-8 години тоа постојано се случува. Иако комуникацијата помеѓу професорите и студентите е на завидно ниво, сепак се случуваат ситуации каде одредени професори се константно неодговорни. За ова студентите можат слободно да се обратат до Шефот на иститутот, Продеканот за настава или самиот декан кои потоа ќе разговараат директно со бараните професорите.“

„Сепак, на крајот на денот, комуникацијата помеѓу студентите и професорите на нашиот факултет е исклучително добра. Ретко се случуваат ситуации во кои студентот треба да потроши подолго време и со денови да чека да се види со професорот.“

Ова воглавно се случува поради фактот што на ПМФ нема приемни термини во кои професорот треба да биде достапен за студентот. Тие треба во секој момент да се достапни во своите кабинети или да одговараат на својот меил.


Какви услови нуди факултетот на идните студенти?

„Максимум од она што дозволува средината во која што живееме.“

Според деканот, Природно-математичкиот факултет при УКИМ е најдобриот факултет во Македонија.


„Убеден сум дека никаде во оваа држава, па дури и малку пошироко од неа, подобри услови за студирање на природно-математички науки нема. Нашите студенти, по завршувањето на студиите, немаат никакви проблеми со снаоѓање на професионален план. Голем дел од нив и ја напуштаат државата бидејќи самата диплома од ПМФ при УКИМ е признаена низ цел свет.“

Деканот ја искористи можноста и да се пофали во однос на големиот број на трудови кои што ги произведува факултетот.


„Бројот на трудови кои што ги објавува нашиот наставен кадар е најголем, може и да кажеме поголем од сите други факултети заедно. Сите 6 институти објавуваат трудови кои што се од особена важност во делот на природно математичките науки.“

Имајќи предвид дека следуваат нови избори за декан, што би му посакале на следниот кој ќе застане на вашата позиција?

„Убеден сум дека кој било и да дојде по мене ќе биде подеднакво успешен и дека ПМФ ќе го задржи реномето кое го има.“



Д.М.

499 views0 comments
bottom of page