top of page

Повик за 40 тутори за поддршка на учениците со попреченост во основните училлишта

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по Чекор”, во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива” и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак” го реализира проектот „Биди Ин, биди Инклузивен, биди Инклудиран”.




Целта на овој проект е целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта преку креирање на безбедни средини за сите деца во кои би се развивало квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.


Методите на проектот вклучуваат:

  • Осмислување и спроведување на програма за стипендирање на ученици со попреченост во почетните одделенија на основното образование;

  • Спроведување кампањи за подигање на свеста и активности за промовирање на важноста на инклузивното образование и придобивките од инклузивните средини за учење;

  • Градење на капацитетите на наставниците и стручните служби за проактивна инклузија и прилагодена и диференцирана настава;

  • Намалување на бариерите за учениците со попреченост и подобрување на пристапноста до и во училиштата;

  • Обезбедување туторска поддршка за ученици со попреченост вклучени во редовниот образовен процес;

Проектот се релизира со помош од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а дополнителни информации во однос на потребните квалификации, местото на одвивање и времетраењето на проектот се достапни на следниот линк.

Comments


Секогаш сме отворени за нови идеи и

соработка со студенти!

Пиши ни!

Ви Благодариме!

bottom of page