top of page

Конкурс за обука за млади новинари

Во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) се распишува конкурс за прием на 10 учесници за тримесечна обука за млади новинари.


Обуката ќе се организира во периодот  од ноември 2020 до јануари 2021 и на учесниците ќе им овозможи стручно усовршување и запознавање со практични сознанија и техники за новинарско изразување. Рокот за пријавување е до 25 октомври, недела.


ree

Обуката ќе се користи со комбиниран пристап во наставата, со онлајн и физичко присуство. Преку учесниците ќе имаат можност да се здобијат со есенцијалните  применливи вештини за новинарско изразување, истражување и мултимедијална продукција кои што се потребни при работата  во новинарските редакции или за самостоен ангажман. Предавањата ќе ги водат искусни домашни и странски новинари и тие ќе се одвиват на македонски јазик. 


ИКС ја организира оваа обука како дел од проектот „Поврзи ги точките: Подобрени политики преку граѓанско учество“, поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Повеќе информации во однос со темата на програмата, правото на учество, како и документите и процесот на селекција се достапни на следниот линк.

Comments


Секогаш сме отворени за нови идеи и

соработка со студенти!

Пиши ни!

Ви Благодариме!

bottom of page