Април - месец за подигнување на свеста
- Авангарда
- Apr 30, 2020
- 2 min read
Updated: May 1, 2020
Малолетничко злоставување
Во вториот дел од нашиот серијал Април - месец за подигнување на свеста, ќе ја истражиме тематиката на злоставувањето на малолетници. Глобално постои едногласност дека децата претставуваат една од најранливите категории на лица. Оваа ранливост се јавува како резултат на нивниот физички и психолошки развој кој природно се уште не е доразвиен и поради тоа многу често поради комплексноста на општеството и неговите внатрешни односи може да дојде до конфузија кај најмладите членови, а и појава на лица коишто го злоупотребуваат тоа. Имено, за да може да се движи едно општество сѐ повеќе кон намалување или искоренување на ваквата секојдневна пракса, пред сѐ, мора да биде запознаено со категориите на малолетнички злоставувања и последиците кои тие можат да ги предизвикаат. Такви се:
-Физичкото злоставување, кое претставува нарушување на здравјето, животот, развојот или достоинството на едно дете, преку користење физичка сила, која најчесто се практикува во вид на „казнување“.
-Сексуалното злоставување во основа претставува учество на малолетно лице во сексуален акт, во кој полнолетно лице или друг малолетник (адолесцент) сексуално искористуваат/напаѓаат одредено малолетно лице.
-Психичко злоставување претставува умислено нанесување т.н. психичка повреда на малолетникот, што најчесто се јавува во форма на навреда или однесување со кое директно се нарушува психичкото здравје на лицето. Често занемарена форма на психичко злоставување е онаа која се јавува на социјалните мрежи, каде одредени лица напаѓаат малолетници, поради нивните верувања, преференции, начини на облекување и останати животни одлуки (сајбер-насилство).
-Злоставување од запоставеност е категорија која најчесто се дефинира како неисполнување на обврските кон едно малолетно лице, како лице кое во општеството се јавува во инфериорна позиција. Запоставеноста се јавува во вид на пропуштање во кое не се задоволуваат потребите за храна, облека, домување или внимание за неговото здравје. Често оваа категорија на запоставување се јавува, не како небрежно однесување, туку како социјален проблем во кој родителите не можат да овозможат задоволување на основните потреби кои се јавуваат кај еден малолетник. Поради тоа, неопходно е учество на државните институции во ситуации во кои заштитата на децата е на прво место.
Кај нас, за жал 18% од малолетниците биле, или се изложени на некој вид злоставување. Иако ова е тешка тема за разговарање, тоа не значи дека ние немам обрвска да ги заштите тие кои што се послаби и помали од нас. Ако не ги заштитуваме децата, дали сме успеале како општество? Ако сме дозволиле да им биде одземена нивната детска невиност, што можеме да кажеме за себеси?
Comments