Археолошка работилница на „Стоби“ во организација на Факултетските собранија
- Авангарда
- Oct 5, 2020
- 2 min read
Во периодот од 28 до 30 септември на Археолошкиот локалитет Стоби се одржа Работилницата од областа на Античката и Современата култура, организирана од Комисија за наука при универзитетското студентско собрание на УКИМ и Студентско археолошко здружение „Аксиос“ – Скопје, заедно со факултетските студентски собранија на ФЗФ, ФЛУ и ПМФ.

На работилницата учествуваа по пет студенти од Институтот за Историја на уметност и археологија, Институтот за Етнологија и антропологија и Факулетот за Ликовни уметности.
Активностите беа поделени во два дела: теоретски, исполнет со предавања на разни теми и практичен дел, кој вклучуваше неколку активности за учесници на археолошкиот локалитет.
Првиот ден се состоеше од предавања за:
Историјат на истражувањата на Стоби и Историјат на Македонија и Стоби во Римско време, на кои низ реконструирани скици беше претставен развојот на градот и сите ископувања кои се направени до денес. За сето тоа да се сфати подобро, завршивме со Теренско шетање и објаснување на Стоби, со кое ни беа разјаснети и преку примери покажани информациите кои го добивме на претходните предавања.
Вториот ден пак се состоеше од предавања за:
Римска керамика од Стоби - технологија и типологија, односно влијанијата на источната и западната керамика која се носела на Стоби и се користела во секојдневниот живот.
Предмети од коска, начинот на изработка на предмети кои се користеле во облеката, игли, делови од тогашен разбој, фурка, вретено итн.
Предавање за римско стакло, предмети во кои се чувале парфеми, масла и секаков вид на течности, односно предноста која ја имале стаклените предмети пред керамичките, затоа во нив се гледа тоа што е внатре.
На третиот и последен ден завршивме со предањето Улогата на црквата во секојдневниот живот. Денот започна со предавање за мозаикот на Стоби, а потоа сите учесници беа поделени во три групи и имаа можност да чистат дел од мозаик кој се конзервира, како и да кршат мермер на тесери кои беа потребни за изработка на мозаик и на крајот сите да учествуваат во неговата изработка.
Предавачи беа вработените од Н.У. Стоби: Гоце Павловски, Јован Радњански, Златко Кованчалиев, Димитар Николовски, Мишко Туковски и Томе Филов
Comments