top of page

Авангарда бара новинари волонтери!

Студентскиот медиум „Авангарда“ го проширува својот тим. Отворен е повик за новинари волонтери кои ќе работат на креирање содржини од областа на образованието, младите, младинското учество и младинските политики.


Повикот е отворен за сите студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кои имаат желба и интерес за репортерство, дневно новинарство, работа на подкасти и креирање online содржини за потребите на медиумот.


Новинарите ќе бидат ангажирани за период од два месеца, со можност за продолжување. Работните обврски ќе бидат однапред одредени во договор со новинарот/ката и ќе можат да бидат извршувани од дома. Работното време е флексибилно.


За ангажманот е предвиден финансиски надомест.



За аплицирање на повикот потребно е да испратите кратка биографија (CV) на следниот е-маил: studentskimediumavangarda@gmail.com | subject: ,,Новинар/ка за Авангарда". Само кандидатите кои ќе бидат селектирани ќе бидат повикани на интервју.


Краен рок за аплицирање е 31.08.2020 година.


Авангарда е веб-медиум кој споделува информативни, едукативни и забавни содржини креирани од страна на студентите.


Создаден како проект во рамките на Универзитетското студенско собрание, примарната цел на овој медиум и неговите содржини е информирање на студентите за сите актуелни настани и случувања кои се од нивен интерес.


За какви било прашања или дополнителни информации, слободно обратете ни се на нашиот меил, Фејсбук или Инстаграм профил.


Ве очекуваме!

Comments


Секогаш сме отворени за нови идеи и

соработка со студенти!

Пиши ни!

Ви Благодариме!

bottom of page