top of page

Дебата на тема Јунска испитна сесија

На 22 мај се одржа онлајн дебатата на тема Јунска испитна сесија, во која учествуваа Борјан Ефтимов, претседател на Универзитетското студентско собрание и Брајан Петкоски, студент на Градежен факултет.

На дебатата се дискутираа повеќе точки поврзани со јунската испитна сесија и нејзиното остварување. Борјан и Брајан се осврнаа на начинот на којшто ќе се осигура безбедноста на студентите, каде би нашле престој студентите кои доаѓаат од подалечни градови, како и пристапноста до факултетот на оние студенти од Скопје кои немаат друго превозно средство освен јавниот превоз. Се одговараа и прашања кои беа зададени од студенти на социјалните мрежи на Авангарда од двајцата говорници.

Голема нејаснотија беше тоа дали се забранува целовкупно онлајн полагање, што се разреши дека останува одлука на секој факултет посебно, кој има задача заедно со своето факултетско студентско собрание да одлучи кои предмети мораат да се полагаат физички, а кои можат се полагаат и онлајн.


Целосната дебата можете да ја погледнете на видеото во прилог:






Comentários


Секогаш сме отворени за нови идеи и

соработка со студенти!

Пиши ни!

Ви Благодариме!

bottom of page