top of page

Летувајте и истражете ја Македонија -Кампања на „Природник“ за промоција на домашниот туризам

Природник е истражувачко здружение на студенти географи кое има за цел да ја издигне географијата како наука и да ги вклучи студентите географи во осознавање на нови работи.


Во текот на месец јули, здружението ќе спроведе кампања за промовирање на алтернативниот туризам во Македонија со цел да ги запознае граѓаните со многуте можности за одмор и релаксација во природа кои нашата земја ги нуди.



„Ќе ве запознаеме со преубавите туристички места, планинарски домови, глацијални езера, сместувачки капацитети, можности за рурален туризам итн.“, стои во објавата на Фејсбук страната на здружението. Токму на оваа страна ќе бидат објавени сите содржини и слики од туристички места, планинарски домови, глацијални езера и многу други можности за рурален туризам.


Кампањата е веќе во тек и до сега здружението има објавено информации за неколку прекрасни места вредни за посета како Големото Пелистерско Езеро, селото Долно Дупени со своие прекрасни плажи крај Преспанското езеро, како и вештачкото езеро Градче близу Кочани. Објавите содржат краток опис на местото, инструкции за како да се стигне до него, атракции вредни за посета во околината и сместувачки капацитети на самото место.


Од здружението најавуваат уште многу вакви сугестии во текот на целиот месец со цел да се поддржи македонската економија, да се промовира туризмот и граѓаните да се запознаат со убавините кои Македонија може да ги понуди.

Comments


Секогаш сме отворени за нови идеи и

соработка со студенти!

Пиши ни!

Ви Благодариме!

bottom of page