top of page

МЕЕТ - Научна студентска конференција на собранијата од Филозофски и Педагошки факултет

Овој октомври, Универзитетското студентско собрание на УКИМ ќе организира неколку научно-остражувачки конференции наменети за студентите од сите факултети. Ваквите конференции имаат за цел да ги поттикнат студентите да истражуваат повеќе во својата област, да се надоградат во неа, но воедно и значително да ја развијат креативата кај академската младина, како и желбата и способноста за научно – истражувачка дејност.

Во претстојниот период ќе имате можност да се запознаете со работата, целта и деталите на секоја од овие конференции, како и што се треба да знаете доколку сакате да се пријавите на една од нив.



МЕЕТ е Научна студентска конференција на студенти предводена од студентските собранија на филозофскиот и педагошкиот факултет при УКИМ.


Организациониот тим го сочинуваат Теодора Атовска, Михаела Ѓурчиноска, Димитар Коруноски,  Наталија Димовска, Владимир Таневски, резенцијата на трудовите ќе се врши од страна на студентката Мартина Лозаноска, додека пак целата конференцијата е под координаторство на Бурим Мехмеди.


„Целта на овој научен собир е поткрепа на студентските наблудувања како и истакнување на мисловниот свет на најмладите наукотвроци“, велат од МЕЕТ. Сметаат дека токму студентските научни конференции се правилниот пристап за остварување на таа цел. 

„Наблудувањата треба да се темелат врз зададената тема на конференцијата; ‘’Природните непогоди и епидемиите од аспект на општествените и хуманистичките науки’’, каде што се очекува студентите да извршат научно истражување за предизвиците со кои се соочувало општеството и за влијанието на природните феномени врз науката“, објаснуваат тие.


Сметаат дека токму ваквата тема, инспирирана од актуелните случувања кои ја опфатија целокупната светска популација, е вистинскиот мотив за поголемо академско вклучување на студентите.


Право на учество на МЕЕТ имаат сите студенти на додипломски студии за кои е задолжително менторство на трудот од страна на професор, како и студенти на постдипломски студии. За да учествуваат, студентите треба да ја испратат својата апликација, заедно со апстрактот за трудот преку следниот линк - најдоцна до 15 август 2020.


„Трудовите коишто ќе бидат избрани за презентација треба да бидат оригинални, да бидат изработени врз научни факти и во самиот процес на создавање да бидат применети научни методи“, потенцираат од МЕЕТ.

„Засега планот е Конференцијата да се одвива во Големиот амфитеатар на Филозофскиот факултет на 14, 15 и 16 октомври. Студентите ќе имаат можност да ги презентираат своите научни истражувања пред мноштво на колеги и професори“, дополнуваат тие, „На секој учесник во конференцијата ќе му биде врачен сертификат, а за организаторите и волонтерскиот тим ќе бидат обезбедени признанија.“


Поттикот за научните конференции е потребата за применување на студентското знаење, сметаат студентите кои работат на конференцијата. Тие очекуваат поголема заинтересираност од студентите, не само во творење на наука туку и во организирање на научни настани.


Од МЕЕТ пак Се надеваат дека, покрај зборникот на трудови којшто ќе биде издаден на почетниот ден од конференцијата, сите научни истражувања ќе бидат објавени и во Првото студентско списание на УКИМ, што би придонело до севкупно поголема научна заинтересираност и активност кај студентите во тоа поле.

Comments


Секогаш сме отворени за нови идеи и

соработка со студенти!

Пиши ни!

Ви Благодариме!

bottom of page