Непријатноста која ја чувствувате е тага
- Авангарда
- May 8, 2020
- 6 min read
Дел од тимот на уредници на Харвард Бизнис Ривју неодамна одржа виртуелен состанок на кој главна тема беа содржините кои ги добиваат во ова време на пандемија и како преку нив да се помогне на луѓето. Меѓу другото, се фокусираа и на сопствените чувства. Еден од нивните колеги го спомнал чувството на тага и жал. Главите на малите прозорци на виртуелниот состанок климнаа во согласност.

Ако можеме да го именуваме, тогаш можеби можеме и да го контролираме. Се потпревме на Давид Кеслер (David Kessler) за идеи како да го направиме тоа. Кеслер е ескперт за тажното чувство на светски размени. Тој, заедно со Елизабет Кублер-Рос (Elisabeth Kübler-Ross), е ко-автор на делото „За тага и жалете: наоѓање на значење на тагата низ Петте стадиуми на загуба“. Неговата нова книга додава уште еден степен на целиот процес, „Наоѓање значење: шестиот стадиум на тагување“. Кеслер исто така има цела декада работено во болница во Лос Анџелес, во нивниот тим за биоопасности. Неговата волонтерска работа вклучува и соработка со полицијата во Лос Анџелес во нивниот отсек за трауматични настани, како и соработка со тимот за сервиси за време на катастрофа на Црвен крст. Тој е основачот на www.grief.com, страна која има над 5 милиони посети годишно.
Кеслер ги сподели неговите мисли за зошто е важно да ја прифатиме тага која што можеби ја чувствуваме, како да ја контролираме и тој верува дека има значење зад неа. ХБР: Луѓето чувствуаат различни нешта моментално. Дали е точно да се каже дека нешто од тоа што чувствуваат е тага?
Кеслер: Да, и чувствуваме многу различни видови на тага. Чувствуваме дека светот се има променето, што е точно. Знаеме дека ова е привремено, но не се чувствуваме баш така и свесни сме дека работите ќе се променат. Исто како што процедурата на аеродром засекогаш се промени од несреќата на 9/11, нештата ќе се променат - и ова е моментот кога тоа се случува. Губењето на нормалноста, стравот од економскиот удар, недостатокот на поврзаност. Ова не удира сите и ние жалиме. Колективно. Не сме научени на ваков вид на колективно жалење околу нас.
Вие кажавте дека чувствуваме повеќе од еден вид на тага?
Да, чувствуваме и тага во очекување. Тоа е чувството што го добиваме за нешто што не очекува во иднината додека тоа е неизвесно. Најчесто се врти околу смрт. Го чувствуваме кога некој ќе добие тешка дијагноза или кога ќе ја имаме нормалната помисла дека еден ден ќе изгубиме родител. Жалта во очекување е и дел од голем број на замислени иднини. Има олуја која што се приближува. Нешто лошо постои таму некаде. Со вирус, овој вид на тага ги буни луѓето. Нашиот примитивен ум знае дека нешто лошо се случува, но не можеме да го видиме. Ова го крши нашето чувство на безбедност. Сите го чувствуваме тоа губење на безбедноста. Мислам дека никогаш до сега колективно го немаме загубено чувството за безбедност како овој пат. Индивидуално или во помали групи, луѓето го почувствувале тоа. Но заеднички, ова е ново. Ние тагуваме на микро и на макро ниво.
Што можат луѓето да направат за да се справат со ова чувство на тага?
Разбирање на стадиумите на тагување е првиот чекор. Но, кога и да зборувам за стадиумите на тагување, морам да ги потсетам луѓето дека стадумите не се линеарни и не мора да се случат во овој редослед. Ова не е мапа, но дава некоја сигурност во овој непознат свет. Има негирање, што многу го користиме на почетокот: Овој вирус нема да не погоди нам. Има лутина: Ме правиш да останувам дома и ме оттргнуваш од моите активности. Има преговарање: Добро, ако јас вршам социјално дистанцирање за две недели, се` ќе биде подобро, така? Има депресија: Не знам кога ова ќе заврши. И на крај има прифаќање: Ова се случува, мора да најдам начин да продолжам.
Прифаќањето, како што можеби веќе разбирате, ја држи моќта. Наоѓаме контрола во прифаќање. Можам да си ги мијам рацете. Можам да оддржувам безбедна далечина. Можам на научам како виртуелно да работам.
Кога чувствуваме жал има и физичка болка. И умот работи многу бргу. Има ли техники за како да се справиме со ова за да изгледа помалку интензивно? Ајде да се вратиме на тагата во очекување. Нездравото жалење во очекување е всушност анксиозност и чувството за коешто овде говориме. Нашиот ум почнува да ни покажува фотографии. Моите родители како се разболуваат. Ги гледаме најлошите сценарија. Тоа се нашите умови како се обидуваат да не зашитат. Нашата цел е да не ги игнорираме овие фотографии и да се обидуваме да ги оттргнеме - умот нема да го дозволи тоа и може да биде болно ако се форсира. Целта е да се најде баланс во работите коишто ги размислувате. Ако се чувствувате дека надоаѓа најлошата фотографија, направете се себеси да ја помислите најдобрата фотографија. Сите се разболуваме на кратко и светот продолжува. Не сите коишто ги сакам умираат. Можеби никој не умира бидејќи ги правиме правилните чекори. Ниедно сценарио не треба да биде игнорирано, но ниедно не треба ни да доминира врз другото.
Жалењето во исчекување е всушност како нашиот ум патува во иднината и го замислува најлошото. Да се смирите себеси, треба да се вратите во сегашноста. Ова е познат совет за сите коишто медитираат или пак практикуваат свесност, но луѓето секогаш се изненадуваат колку е всушност ова едноставно. Можеш да наброиш пет работи во собата. Има компјутер, столица, слика од куче, старо килимче и чаша од кафе. Толку е едноставно. Вдиши. Свести се дека во овој момент, ништо од тоа што го очекуваш се нема случено. Во овој момент, си во ред. Имаш храна. Не си болен. Користи ги своите сетила и размисли за што чувствуваш. Бирото е тврдо. Ќебето е меко. Можам да го почувствувам воздухот како влегува во мојот нос. Ова навистина помага за да се омекне дел од болката.
Можете исто така да размислувате како да ги оставите нештата што не се во ваша контрола. Што вашиот сосед прави е надвор од вашата контрола. Тоа што е во ваша контрола е да останете два метри подалеку од нив и да си ги миете рацете. Фокусирајте се на тоа.
На крај, ова е добро време да се направат резерви на сочувство. Сите доживуваат различни нивоа на страв и тага и сето тоа се манифестира на различни начини. Пред некој ден колега стана дрзок со мене и јас помислив, ова не е типично за оваа линост, вака се справуваат со ситуацијата. Јас гледам страв и анксиозност. Така што, бидете трпеливи. Размислете за како обично се однесуваат лицата, а не какви се во моментот.
Eден загрижувачки апсект на оваа пандемија е дека нејзиниот крај е непознат.
Ова е привремена состојба. Помага ако го кажеш тоа. Имам работено 10 години во здравствениот систем. Трениран сум за вакви ситуации. Исто така, ја имам изучувано пандемијата на грип во 1918. Чекорите кои ги преземаме се правилни. Историјата тоа го вели. Ова може да се преживее. Ќе преживееме. Ова е време да се заштитиме, не да паничиме.
И дополнително, јас верувам дека ќе најдеме некое значење во ова. Ја имам таа честа што фамилијата на Елизабет Кублер Рос ми даде дозвола да додадам шести стадиум на тагување: Значење. Јас разговарав со Елизабет доста време околу тоа што доаѓа по прифаќањето. Не сакав да застанам на прифаќање кога доживеав јас лично тагување. Сакав да најдам некое значење во тие темни часови. И верувам дека ја наоѓаме светлата страна во тие времиња. Дури и сега, луѓето разбираат дека може да се поврзат преку технологија. Тие не се толку оддалечени колку што мислеа. Тие разбираат дека можат да ги користат нивните телефони за долги разговори. Тие уживаат во прошетки. Мислам дека ќе продолжиме да наоѓаме значење сега и кога сето ова ќе заврши.
Што би кажале на некој кој го прочитал сето ова и се уште е преплавен со тага?
Продолжи да се обидуваш. Има нешто многу моќно во давање име на жалењето. Тоа ни помага да чувствуваме тоа што е во нас. Толку многу луѓе ми имаат кажано во тек на неделава, „Им кажувам на моите колеги дека многу ми е тежок периодов“, или „Плачев вчера вечер“. Кога го именуваш, го чувствуваш и тоа поминува низ тебе. Емоциите бараат движење. Важно е да прифатиме низ што поминуваме. Еден несреќен производ на движењето за само-помош е дека ние сме првата генерација да има чувства за своите чувства. Си велиме работи како, се чувствувам тажно, ама не треба да го чувствувам тоа, на други луѓе им е полошо. Можеме - и треба - да застанеме на првото чувство. Тажна сум. Остави ме да бидам тажна 5 минути. Твојата задача е да ја почуствуваш својата тага и стравот и лутината, без разлика дали некој друг чувствува нешто или не. Борење против чувството не ти помага бидејќи твоето тело го продуцира тоа чувство. Ако дозволиме да се случат чувствата, тие ќе се случат на пристоен начин кој ќе ни дава моќ. Ние не сме жртви.
На пристоен начин?
Да. Некогаш се обидуваме да не го чувствуваме тоа што го чувствуваме бидејќи имаме некоја идеја за „банда од чувства“. Ако се чувствувам тажно и го дозволам тоа, никогаш нема да си замине. Банда на лоши чувства ќе ме преплави. Вистината е, дека тоа поминува низ нас. Ние го чувствуваме и тоа си оди и потоа ние преминуваме на следното чувство. Нема никоја банда која не брка. Апсурдно е да мислиме дека не треба да чувствуваме тага моментално. Оставете се себеси да тагувате и продолжете.
*Текстот е преземен од страната на Harvard Busines Review
Comments