top of page

Одлуки за јунска и септемвриска испитна сесија!

Денес студентите конечно добија информации за кога ќе се одржуваат претстојните испитни сесии. На денешната седница на Ректорската управа се донесоа следните одлуки:

Се одлучи јунската испитна сесија да се продолжи и наместо од 1 до 30 јуни истата ќе трае од 1 јуни до 14 јули - со можност за дополнително продолжување со одлука на факултетите; Исто така и септемвриската испитна сесија се продолжува и таа ќе трае од 17 август до 25 септември - со дополнителна можност за започнување на сесијата пред 17 август со одлука на факултетите. Начинот на којшто ќе се организираат сесиите, а и распоредот за полагање, се во надлежност на факултетите и факултетските студентски собранија. Сите студенти во најкус можен рок ќе добијат распоред за организирање на сесијата и полагање на испитите.

Универзитетското студентско собрание при УКИМ апелира студентите да не се загрижени од краткиот период меѓу 19 мај и 1 јуни бидејќи факултетите во соработка со факултетските студентски собранија ќе ја организираат сесијата на начин кој им одговара на студентите и ќе одредат повеќе термини за полагање кои ќе бидат распределени за целото времетраење на сесијата. Освен одлуките кои што ги засегаат испитните сесии, на седницата беше дискутирано и можноста за флексибилност и продолжување на роковите за премин во следниот семестар, запишување на предмети кои се условени и презапишување на неположените предмети. УСС-УКИМ на следната седница на Ректорската управа ќе достави предлог за измени на постоечките акти како би се овозможило продолжување на овие рокови. Останатите информации за испитните сесии опфаќаат можност на факултетите да ги организираат испитите со физичко присуство и онлајн во зависност од карактеристиките на предметот и предметната програма. Пријавувањето на испитите ќе биде онлајн за што студентите добија или ќе добијат известување преку мејл, со цел да се намали физичкиот контакт на факултетите.

Покрај седницата на Ректорската управа, УСС-УКИМ минатата недела разговараше со Директорот на Државен студентски центар - Скопје, од кого се добени информации дека студентските домови се подготвени да ги отворат сместувачките капацитети доколку се организира испитна сесија. Со оглед на денешната одлука, наскоро би требало да се добие информација за отварање на студентските домови преку официјалната страна на Државен студентски центар за што потребно е одобрение и од здравствените експерти. Барањето на УСС-УКИМ е студентските домови да останат отворени за студентите во текот на целиот летен период.

Comments


Секогаш сме отворени за нови идеи и

соработка со студенти!

Пиши ни!

Ви Благодариме!

bottom of page