top of page

Протест за климатска акција пред Влада во петок

25ти септември е глобалниот ден на климатска акција. По тој повод, овој петок, пред Владата на РСМ, со почеток во 16:00 часот ќе се одржи sit-in протест кој ќе има за цел да испрати порака до власта и политичките елити за сериозно посветување и донесување на политики за справување со климатската и еколошката криза преку воведување на климатската проблематика во рамките на наставните силабуси во формалното образование.



Ова се должи на фактот што младите генерации допрва ќе ги водат битките со последиците од климатската криза, а истовремено немаат шанса да се информираат за истата во склопот на образовните установи. Затоа, во време на еколошки и климатски катастрофи кои и се закануваат на нашата планета и држава, информираноста на младите за овој проблем е од клучна важност.


„Последиците на владината индолентност на тема климатска криза веќе ги гледаме преку исушувањето на езерата во земјава. Додека ни се заканува апокалиптично сценарио, младите генерации остануваат целосно неинформирани за оваа закана. Ова мораме да го промениме“, стои во најавата за протестот.


Протестот е организиран од страна на македонскиот огранок на „Петоци за иднината” во соработка со Универзитетското студентско собрание при УКИМ и Сојузот на средношколци.


За време на протестот ќе бидат запазени сите заштитни мерки со распоредување и седење на препорачената физичка дистанца.


Comments


Секогаш сме отворени за нови идеи и

соработка со студенти!

Пиши ни!

Ви Благодариме!

bottom of page