Отворен повикот за шесте научно-истражувачки конференции на УКИМ
- Авангарда
- May 19, 2020
- 1 min read
Updated: May 20, 2020
Поттикнати од загрижувачки малиот број на истражувачко-научни активности наменети за студентите, но и инспирирани од се поголемиот интерес за ваков дополнителен стимул во нивното студирање, Комисијата за наука во рамки на Универзитетското студентско собрание на УКИМ ви ги најавува овогодинешните шест студентски научно-истражувачки конференции.

„Ни претставува огромна чест и задоволство да ве поканиме да земете учество на некоја од шестте студентски конференции, организирани од страна на Факултетските студентски собранија и подржани од Комисија за наука при УСС – УКИМ“, вели Ангела Најдоска, претседател на комисијата.
„За прв пат, на сите студенти, без разлика дали се дел од УКИМ или не, им се нуди можност да бидат дел од едно обемно и детално истражување и истото подоцна да го презентираат на ваква отворена конференција. Секоја од конференциите ќе биде одржана во октомври, па со тоа овој месец го прогласуваме и за месец на науката на УКИМ“, дополнува таа.
Конференциите имаат за цел да ги поттикнат студентите да истражуваат повеќе во својата област, а со тоа и да се надоградат во истата. Воедно, со нив значително би се развила креативата кај академската младина, како и желбата и способноста за научно – истражувачка дејност. Овие конференции би претставувале отскочна даска за студентите кои би сакале понатаму во својата кариера да се занимаваат со научно-истражувачка дејност.
Повеќе информации за конференциите можете да најдете на следниот линк.
Comments