top of page

Што претставува менталното здравје?

Менталното здравје е составено од нашата емоционална, психолошка и социјална благосостојба и истото влијае врз начинот на кој ние размислуваме, чувствуваме и дејствуваме. Покрај тоа игра улога и врз начинот на кој се справуваме со стресот, како се поврзуваме со другите и начинот на кој носиме одлуки. Па така, менталното здравје е многу важно во сите фази на животот како што се детството, адолесценцијата и зрелоста.


Доколку за време од некој од тие периоди се случи да се соочите со некаков вид на проблем кога станува збор за менталното здравје тогаш вашето расположение, однесување и размислување може да биде променето. Многу фактори влијаат врз појавувањето на проблеми со менталното здравје, меѓу кои:


  • Биолошките фактори, поточно гените или пак хемијата на мозокот;

  • Животни искуства како што се трауматични настани или вид на злоупотреба;

  • Историја на ментални проблеми во семејството ;


Овој вид на проблеми се чести и има начин да се помогне. Лицата кои се соочуваат со проблеми со менталното здравје може да се подобрат и многумина и комплетно ги пребродуваат проблемите.


Предупредувачки знаци


Доколку некој се соочува со еден или повеќе од понудените чувства или начини на однесување тогаш преку нив може да се препознаат рани знаци на некаков проблем:


  • Јадете или спиете премногу или премалку;

  • Се дистанцирате од тие околу вас и од секојдневни активности;

  • Имате ниско ниво на енергија или воопшто немате;

  • Се чувствувате празно и ништо не ви е важно;

  • Чувство на болки без објаснување;

  • Чувство на беспомошност и безнадежност;

  • Пушите цигари, конзумирате алкохол или користите психотропни субстанци повеќе од вообичаеното;

  • Имате расправии и кавги со вашите родители и другари;

  • Чувствувате сериозни промени во расположението што доведуваат до проблеми во вашите врски;

  • Имате постојани мисли и сеќавања кои не можете да ги извадите од глава;

  • Слушате гласови и верувате во работи кои не се вистинити;

  • Мислите да се повредите самите себе или тие околу вас;

  • Не можете да ги извршувате секојдневните обврски;


Ментално здравје и благосостојба


Позитивното ментално здравје овозможува:


  • Да го реализирате целосниот потенцијал;

  • Да се справувате со стрес предизвикан од секојдневниот живот;

  • Продуктивно функционирање;

  • Да создадете значајни придонеси за општеството;



Начини на кои може да го задржите позитивното ментално здравје:


  • Да побарате професионална помош;

  • Да се поврзете со други;

  • Да останете позитивни;

  • Да бидете физички активни;

  • Да помогнете на други;

  • Да спиете доволно;

  • Да формирате вештини за справување;




*Текстот е преземен од https://www.mentalhealth.gov/.

Comments


Секогаш сме отворени за нови идеи и

соработка со студенти!

Пиши ни!

Ви Благодариме!

bottom of page