СКГКП - Студентска конференција за глобални климатски промени
- Авангарда
- Aug 9, 2020
- 3 min read
Овој октомври, Универзитетското студентско собрание на УКИМ ќе организира неколку научно-остражувачки конференции наменети за студентите од сите факултети. Ваквите конференции имаат за цел да ги поттикнат студентите да истражуваат повеќе во својата област, да се надоградат во неа, но воедно и значително да ја развијат креативата кај академската младина, како и желбата и способноста за научно – истражувачка дејност.
Во претстојниот период ќе имате можност да се запознаете со работата, целта и деталите на секоја од овие конференции, како и што се треба да знаете доколку сакате да се пријавите на една од нив.

СКГКП - Студентска конференција за глобални климатски промени е конференцијата организирана од студентските собранија на Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот за земјоделски науки и храна и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем".
Организационен одбор на конференцијата се состои од 5 студенти на трите факултети кои ќе бидат задолжени за нејзина организација и рецензија на самите трудови, а координатор на целиот процес е Јане Влахов, претседател на Факултетско Студентско Собрание при Факултет за ветеринарна медицина во Скопје.
„Главна цел на конференцијата е подигнување на свеста за климатските промени, особено кај студентите кои како идни ветеринарни доктори, земјоделски и шумарски инженери ќе треба да изнајдат решенија за бројните проблеми со кои се соочува модерниот свет“, велат од СКГКП.
Подигнување на свеста воопшто за промените на нашата планета што се случуваат заради глобалното затоплување е нивна примарна задача која се надеваат дека ќе биде реализирана преку самата конференција.
Глобалните Климатски Промени се главната тема на настанот, но како под-теми за конференцијата ќе бидат понудени разните гранки кои трите факултети подетално ги изучуваат и нивната кореспонденција со самата тема. Оттука, тие очекуваат низ понудените трудови да се презентира влијанието на климатските фактори врз животните, земјоделството и флората соодветно.
„Се решивме за оваа тема бидејќи моментално е една од најактуелните во светот за која студентите ќе можат поопширно да истражуваат“, дополнуваат од СКГКП.
„Главниот мотив зад сево ова е поткренување на свеста, не само кај студентите, туку и кај сите граѓани, за заштитата на нашата животна средина и создавање на мали промени за стопирање и забавување на глобалното затоплување кои во иднина ќе ни значат многу“, објаснуваат тие.
Сите студенти од сите Универзитети во Р.С.Македонија имаат право да се пријават на конференцијата, со трудови односно проекти соодветни на темите на конференцијата.
„Можат да се пријават студенти на додипломски студии, студенти на постдипломски и докторски студии, претставници од академска средина, па дури и компанија чија дејност е поврзана со тематиката на СКГКП“, потенцираат од СКГКП.
За студентите на додипломски студии, како и кај сите останати конференции, задолжително е менторство на трудот од страна на професор со цел да се зголеми квалитетот на пријавените трудови. За студентите на постдипломски и докторски студии, пак ова не е задолжително, но се препорачува коавтор на трудот да им биде професор.
Најмногу двајца студенти можат да се автори на еден труд, а котизација за учество на конференцијата изнесува 600 денари по учесник, сума со која се покриени трошоците за храна и материјали за сите денови на конференција. Трудовите можат да бидат од шест до осум страни во А4 формат, односно 250 до 300 зборови.
Рокот за аплицирање со сопствен труд е 15 август, а процесот на аплицирање е електронски и преку платформата Google Forms. Формуларот за пријава заедно со сите детали и насоки за пишување на самиот труд е прикачен на официјалната веб-страна на студентските конференции.
Сепак, поради самата неизвесност која ситуацијата со корона вирусот ја креира, се уште е неизвеснен начинот на кој ќе се реализира самата конфенреција.
„Зависно од моменталната состојба трудовите би се презентирале со физичко приство во просториите на ФЗНХ – Факултет за земјоделски науки и храна или електронски преку платформата Zoom“, потенцираат од СКГКП.
Покрај ваквата платформа за развивање на научно-академската сцена на Универзитетот, тие исто така нудат и решение за долгорочно систематизирање и достапност на анучните трудови за сите студенти и пшироката јавност.
„По реализација на првата конференција, постои план да се формира дата база од тогашните и идните научни трудови што ќе бидат достапни за студентите и пошироката јавност. Креирањето на ваква дата база е потребна првенствено заради поголема достапност на информации и информирање за проблематики кои се уште не се доволно разработени“, велат од организациониот одбор на конференцијата.
Opmerkingen