УСС со барање до надлежните за дополнителни социјални стипендии
- Авангарда
- Apr 24, 2020
- 1 min read
На денешната прес-конференција на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, претседателот на собранието Борјан Ефтимов и Илија Колев, член на УСС од Економскиот факултет, ги изнесоа своите предлози за регулирање на финансиските проблеми кои што пандемијата ги предизвика меѓу студентите.

Мерките вклучуваат два вида на дополнителни социјални стипендии и тоа: Вонредна социјална стипендија за студентите од семејства со низок доход, односно семејства со со месечни примања до 14 000 денари по член на семејство и вонредна социјална стипендија за студентите кои ќе приложат доказ дека еден или повеќе од членовите на семејството останале без работно место како последица од вонредната состојба.
Тие апелираат дека ваквата кризна состојба може да се надмине само со стабилно и систематско дејствување па затоа ги повикуваат надлежните институции да ги преземат потребните мерки со кои ќе се помогне на ранливите категории и студентите чии финансии енормно ќе бидат скратени во претстојниот кризен период.
Покрај ваквите краткорочни мерки, за целосно решавање на кризната состојба тие потенцираат дека се потребни и значително поголеми системски промени. Затоа дополнително ги повикуваат надлежните институции на разговор со цел креирање на долгорочни економски мерки кои ќе бидат донесени во претстојниот период со цел да се помогне на студентите кои ќе бидат најпогодени од ваквата ситуација.

*Фотографиите се преземени од новинарската агенција МИА.мк и се во целосна сопственост на агенцијата
Comments