top of page

Вебинар на тема „Високото образование во време на пандемија – искуства и препораки“

Во вторник, на 22-ри септември, со почеток од 12:00 часот на платформата за видеокомуникација Zoom, ќе се одржи првиот од серијалот вебинари насловен „Високото образование во време на пандемија – искуства и препораки”.



За време на настанот ќе бидат дискутирани разни прашања во релација со високото образование во Северна Македонија во услови на актуелната пандемија и можни препораки за развој на истото во иднината.


Целта поради која се одржува настан од ваков тип е, пред се, функционирањето на високото образование за време на пандемија, размената на искуства, градење на соработка меѓу истакнати општествени личности, членови на МААА и давање предлози за решенија во вид на законски регулативи во сфери како образование, здравје, економија и медиумска писменост.


Дел од прашањата кои ќе бидат покриени за време на диксусијата се:


  • Колку беа спремни универзитетите да одговорат на сите предизвици со кои мораше да се соочат во новонастанатата ситуација?

  • Дали се задржа квалитетот на наставата, науката и образованието воопшто?

  • Кои решенија ги изнајдоа различните универзитети во Р. С. Македонија?

  • Дали соодветствуваа онлајн платформите на различните наставни планови и програми?

  • Што е тоа хибридна настава?

  • Колку се заштитени информациите кои протекуваат при онлајн наставата?

  • После стекнатото искуство, кои се препораките за измени во високо-образовната дејност во време на пандемија и во нормални услови?


Говорници кои ќе имаат можност да дискутираат по повод наведените тематики се:


  • д-р Зорица Трајкова, Филолошки факултет, УКИМ, координатор и модератор на вебинарот

  • Гости-презентери на спроведено истражување: д-р Елена Онческа Агер и д-р Руска Ивановска-Наскова од Филолошкиот факултет при УКИМ

  • д-р Агим Рушити, директор на Агенцијата за квалитет на образование, МОН

  • д-р Мишко Џидров, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип

  • д-р Марјан Бојаџиев, провост на Универзитетот „American College”Скопје

  • д-р Боро Јакимовски, претставник од МАСИТ и професор на ФИНКИ

Вебинарот е организиран од страна на Македонско - Американската Асоцијација (МААА), како дел од проектот „Challenges and efficient recovery from Covid-19”, кој е поддржан преку „2020 Alumni Rapid Response fund” на Американската амбасада.

Сите кои се заинтересирани да присустуваат на вебинарот, потребно е само да се вклучат на линкот до Zoom разговорот каде ќе се реализира вебинарот.



М.Т.

Comments


Секогаш сме отворени за нови идеи и

соработка со студенти!

Пиши ни!

Ви Благодариме!

bottom of page