Одбележете го светскот ден на книгата со овие ЛГБТИ+ романи
- Авангарда
- Apr 23, 2020
- 4 min read
Во овие долги денови кога сите сме во потрага по нешто кое ќе ни го одвлече вниманието од моменталната хаотична реалност, многу е лесно да се западне во секојдневие кое е безлично и непредизвикувачко. Затоа, за да ја разбиеме монотонијата на одеднаш едноличните пролетни денови ние нудиме листа на ЛГБТИ+ книги. За жал, никои од нив не се преведени на македонски јазик, но можат лесно да се најдат на англиски.
Зошто баш ЛГБТИ+ книги? ЛГБТИ+ литературата прикажува една поразлична перспективана репрезентација на квир заедницата, а многу често книгите се и напишани од квир писатели. Но, исто така, ова е период кога голем дел од квир заедницата на УКИМ е принудена да седи дома, често во атмосфера
каде што не можат да бидат автентични кон сами себе. Ние нудиме листа на книги која што ќе можат да ја искористат за да ја пополнат празнината која недостасува во македонските медиуми, како и таа која што недостасува во нивното опкружување.
Денешните книги се лесни и брзи за читање, скоро како да се чита типична белетристика, овој пат од перспектива на нашите врсници. Бидејки сечија судбина е различна и може да побуди различни чувства, ги поделивме во две категории.
Во случај да сакате во овие тмурни, осамени денови да се исплачете ние ви советуваме да прочитате:
1. „More Happy Than Not“ е првата книга на писателот Адам Силвера (Adam Silvera) којшто и самиот е член на квир заедницата. Освен тоа, неговите ликови се исто така често и од Латинска Америка, што во литературниот свет ретко се случува. Во неа, темите за расна припадност, социјални класи и квир идентитетот се обработени на начин кој никого нема да остават рамнодушен. Приказната за младиот Арон кој после тешка семејна трагедија е на поход кон среќата, ја раскажува неговата внатрешна борба со минатото и желбата за подобра иднина. Палома-марамчињата, иако тешко достапни во овој период, се топло препорачани од нас додека ги вртите страниците на оваа книга.
2. „History is All You Left Me“ е исто така книга напишана од Адам Силвера. Таа го опишува животот на тинејџерот Грифин по смртта на неговиот поранешен партнер Тео. Сепак, трагедиитие најчесто имаат свој пар. Ситуацијата на Грифин се влошува бидејки единствената личност којашто ја разбира неговата болка е новиот дечко на Тео. Напишана со хронолошки скокови кои дозволуваат да се запознаете со Грифиновото секојдневие пред, но и после смртта на Тео, дефинитивно ќе ве остави во солзи.
3. „They Both Die at the End“ е најновиот самостоен роман на (погодивте!) Адам Силвера. Премисата на книгата можеби прилично се совпаѓа со апокалиптичната сцена во која се наоѓаме моментално - на земјата постои систем кој знае кој ден ќе умреш. Последователно, на денот на твојата смрт добиваш повик дека ова е твојот последен ден. Тука на сцената влегуваат Матео и Руфус, до тој ден непознати еден за друг и нивниот свет се превртува. Сепак, имајте го на ум насловот додека ја читате книгата.
4. „Aristotle and Dante Discover the Secrets of the Universe“ од Бенџамин Алире Саенз (Benjamin Alire Sáenz). Како што кажува самиот насловот, во главните ликови на оваа книга ги имаме Аристотел и Данте, чии имиња случајно (но можеби и не баш) совршено си одговараат. Читањето на оваа книга е магично искуство кое би го препорачале на секој, без разлика на неговиот идентитет, па нема да ви откриеме многу. Единствената работа која треба да ја имате на ум е дека летото е многу долго, а универзумот уште поголем. Иако долги, нивните тајни многу полесно се откриваат кога имаш пријател.
Втората категорија книги се на спротивниот дел од спектарот, наменети да ве развеселат и да го направат вашиот ден полесен и поедноставен.
1. „Simon vs. the Homosapiens Agenda“ од Беки Албертали (Becky Albertalli). Можеби оваа книга ви е позната бидејќи во 2018 излезе филмската адаптација на оваа книга насловен „Love, Simon“. Во неа се прикажува животот на Сајмон откако неговата сексуална ориентација е прикажана пред целото негово училиште, а меѓувреме тој се допишува со анонимен соученик во којшто полека, но сигурно, се заљубува. Иако малку трогателна на моменти, дефинитивно е книга којашто ќе ве расположи.
2. „Leah on the Offbeat“ исто така е од Беки Албертали и е продолжението на „Simon and the Homosapiens Agenda“, иако не мора да се читаат хронолошки бидејќи се концентрираат на два различни лика. Оваа книга се фокусира на Лија и нејзината бисексуланост и преплетите кои овој идентитет ги носи во нејзиното секојдневие. Нејзиниот живот станува многу покомплициран кога ќе добие чувства за една од нејзините најдобри другарки, а особено кога таа ќе почне тие да ги возраќа.
3. „Juliet Takes a Breath“ од Габи Ривера (Gabby Rivera). Книга напишана од еден страстен љубител на читањето, а посветена на сите други. Во главниот лик ја имаме Џулиет, млада писателка која е спремна за лето од соништата - пракса со нејзината омилена авторка. Во спореден - многуте прашања кои неа ја мачат веќе некое време. Како таа ќе се справи со нив? Прочитајте да дознаете.
4. „Red, White & Royal Blue“ од Кејси МекКвинстон (Casey McQuinston). Ако некогаш сте се запрашале што се случува кога синот на претседателката на Соединетите Американски Држави ќе се заљуби во Принцот од Велс, ова е вистинската книга за вас. Приказна за вистинска љубов, напишана на начин кој дури и оние скептичните може да ги убеди дека љубовта, доколку е искрена и вистинска, може да победи се.
留言