Топ 5 серии за во домашна изолација
- Авангарда
- Apr 22, 2020
- 2 min read
Веќе влеговме во вториот месец од социјалната изолација и монотоноста и досадата почнаа да стануваат неподносливи. Ги исчистивте сите фиоки и полици, пробавте да учите, пробавте да прочитате некоја книга, но ништо не ви го задржува вниманието. Не грижете се, бидејќи ние направивме листа на 5 серии коишто треба да ги изгледате во останатиот дел од овој карантин. Некои од овие се понови, некои се емитуваат подолго време. Некои од нив можеби веќе сте ги изгледале, но се надеваме дека ќе понудиме опции коишто ќе ви се допаднат и ќе го направат времето во изолација поподносливо.
1. La Casa de Papel
Шпанската серија која бргу го привлече вниманието на светот. Со својата заплеткана приказна и интересни ликови, овој трилер несомнено ќе ве вовлече во нејзиниот свет.
Ако сте успеале до сега да не слушнете ништо за оваа серија, нема ние да издадеме многу. Само ќе ви кажеме дека доколку сакате возбудливи серии со постојана акција, дефинитивно треба да ја ставите La Casa de Papel на вашата листа.
2. The Good Place
Исто така многу позната серија и ако до сега не сте ја погледнале, слободното време во изолација дефинитивно треба да го посветите на неа. Со своето разгледување на етика и на филозофија ве принудува да размислувате за животот и смртта, а и што следи по неа. Но, оваа серија успева сите овие сериозни теми да ги стави во комичен формат, со ликови коишто ви ги прикажуваат сите аспекти на човековото постоење.
3. When They See Us
Ова е кратка доку-серија која не го доби публицитетот што го заслужува, базирана на вистинска приказна. Доколку сте заинтересирани за криминологија и за систематскиот расизам во криминалниот систем, ова е серијата за вас.
Во своите 4 епизоди го прикажуваат случајот за Петорката од Централ парк, исто така познати како Ослободените пет, која беше обвинета за дело кое тие не го сториле. Иако кратка, бидете сигурни дека нема да ве остави рамнодушни со својата тензија и драма. Бидете подготвени за голема доза на гнев и тага додека ја гледате. Но, бидете сигурни дека ќе дознаете аспект на кривичниот систем кој не сте го знаеле до сега и ќе ви ги отвори очите за еден различен вид на криминал.
4. Јужни ветар
Оваа српска серија го прикажува животот на младите во Белград и низ Србија, раскажувајќи приказна за животот на еден човек кој запаѓа во светот на подземјето и криминалот во балканската метропола.
Продолжение на истоимениот филм, оваа серија го разгледува животот на протагонистот во суровата реалност на денешницата, борејќи се со разни тешки ситуации, сурови непријатели и сопствените погрешни избори.
5. Tiger King
Уште една документарна серија која што е свежо излезена, но веќе го привлекува вниманието со нејзините пресврти. Тоа што изгледа на обична серија за чувањето на големи мачки во САД и борбата да се забрани истото, прераснува во драматична приказна која ја прикажуваат испреплетеноста на приватните зоолшки во САД една со друга. Документарец кој веднаш ќе ви го привлече вниманието и ќе ве остави запрепастени, чудејќи се што се се случува во светот.
Comments